Одбраната со соопштенија од Фејсбук ги брани обвинетите за „Шамарите во Центар“

Од:

Кратки видео записи и фото фајлови од новинарски текстови и соопштенија, како докази на одбраната беа презентирани на денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“. Одбраната на голем дел од текстовите не го наведе изворот на веста односно од кој медиум е напишан текстот, додека пак за дел од текстовите појасни дека станува збор за пренесени соопштенија од Фејсбук.

Презентираните текстови, соопштенијата и изјавите од видео записите, според содржината наликуваа едни на други. Во сите нив се наведува дека поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски оди против христијанството, против волјата на граѓаните, врши атак врз МПЦ и дека со промената на ДУП-от, или како што се наведува, наводното рушење на Црвката Св. Константин и Елена, има за цел да ја сквернави православната вера.

Обвинителите од Специјалното јавно обивнителство, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи реагираа на текстовите и соопштенијата предложени од страна на одбаната токму поради веродостојноста на изнесените докази.

-Од овие текстови одбраната не може да вади заклучоци, такво нешто не ни дозволивте ни на нас додека презентиравме докази. Не може да се верува на се што е напишано, но вие ќе оцените за нивната веродостојност, му се обрати обвинителот Бубевски на претседателот на судечкиот совет кој го води случајот.

На видео записите кои беа репродуцирани говореа, експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Валентина Божиновска, владиката Агатангел, и членови на граѓанското здружение „Веритас“ кои при протестите додека траеше седницата на Советот на општина Центар за промена на ДУП-от, влегоа во дворот на општината, искршија дел од инвентарот, и извикуваа погрдни зборови за тогашниот градоначалник Жерновски и советниците од СДСМ.

Обвинети во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица, кои пред судот се изјаснија за невини.

На претходните судења вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски по што добија условни казни.

Обвинетите се товарат за поттикнување насилство, кое се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Следното рочиште за случајот на кое ќе бидат презентирани писмени докази е закажано за 19 април.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“