Река: Не може да се чека уште 20 годинини за Албанец да биде претседател на државата

Од:

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва на конвенција во Дебар нагласи дека е време и Албанците да имаат претседател на државата. Тој во присуство на лидерите на Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами, истакна дека има пет клучни приоритети за развој на државата, а 21 април е плебисцит за Албанците во Република Северна Македонија.

– Ние говоревме само за мултиетничко општество, а треба да говориме за мултиетничка држава. Тоа треба да се случи на 21 април, тоа е прв приоритет. Албанците не можат да бидат само аморфна маса и да се статистичка нација. Тоа е неприфатливо така што е голем приоритет да се надмине овој проблем, потенцира Река.

Мој приоритет, посочи, е и НАТО.

– Македонија веќе е сигурно дека ќе стане членка на Алијансата. Некој се обидува да ме прикаже како политичар кој сака да спречи влез во НАТО, тоа не е вистина. Треба да се поздрави Преспанскиот договор, бидејќи и јас се залагам да има нула проблеми со соседите. Многу е добар договорот со Бугарија, а треба да се решат проблемите со Србија. Македонија никогаш немала проблеми со Албанија и Косово. Албанците надвор и внатре се за стабилна Македонија и регион, јас тоа само ќе го продлабочам. Треба да се надмине проблемот на исчекување за уште 20 години за Албанец да биде претседател на државата, рече Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Села, пред дебарчани истакна дека македонските партии било тоа да е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, постојано се помагани од сервилни кои се во владите од 2002 година.

– Тие во владата се од условени интереси, а на Албанците сега им требаат чисти Албанци. Албанците овој пат одлучија да гласаат за Албанец претседател на државата кој е комплетна личност и заслужува да биде претседател на Република Северна Македонија. Доста беше давање на поддршка на оние кои се во политиката од големи интереси за себе и при тоа се дел од услугите за УДБА, а во политика се за да избегнат проблеми со законот. Веруваме дека на 21 април конечно Албанците ќе гласаат за Албанец, посочи Села.

Лидерот на БЕСА Касами истакна дека конечно Албанците имаат свој кандидат за претседател.

– Тој е независен и ги соедини партиите од албанската опозиција. Очекуваме сите Албанци да гласаат на 21 април за Река кој е најдобар кандидат. Едниот кандидат дури не ги побара гласовите на Албанците, а другиот, пак, не проговори албански, а ги сака гласовите, рече Касами.

На Конвенцијата како Река така и Села и Касами најавија сигурна победа за градоначалник на општина Дебар на д-р Арбен Аголи, кој е од редот на Алијансата на Албанците.

– Аголи е најдобро решение за градоначалник, порача Села.

Би можело да ве интересира

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он