(ВИДЕО) Мицкоски: Сигурен сум во победата на овие претседателски избори

Од:

„Денеска сме во Битола во рамките на предизборната кампања за претседателските избори ќе имаме голем народен митинг овде во Битола. Исто така сум во Пелагонискиот регион ќе имаме митинзи. Во Могила ќе има митинзи, во Новаци, во Демир Хисар така што практично денот ќе го поминеме денеска овде во Битола, Пелагонискиот крај и ќе поразговараме со граѓаните. И исто така претседателскиот кандидат, идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде денеска овде во Битола и Пелагонискиот крај.

Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со Битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза. Бидејќи јас сум сигурен во победата на овие претседателски избори и се надевам дека премиерот еднашка ќе остане на зборот и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.

Затоа сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела