Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради ризикот од конфронтација во Либија, откако силите лојални на контроверзниот влијателен Калиф Хафтар објавија дека се подготвуваат да напредуваат кон Триполи.
– Длабоко сум загрижен за военото движење на Либија и ризикот од конфронтација, напиша Гутереш на Твитер, кој е во посета на главниот град што е под контрола на Владата поддржана од ОН.
– Нема воено решение, додаде тој.
Десетици милиции војуваат за контрола во северноафриканската земја по падот на Муамер Гадафи во 2011 година кој беше отстранет од власт со помош на НАТО.
Самопрогласената либиска национална армија (ЛНА) на Калиф Хафтар се покажа како клучен играч во спротивставувањето на Владата во Триполи и во поддршката на паралелната администрација на исток.
Хафтар во јануари почна офанзива во областите каде се произведува нафта во јужна Либија, под параван дека уништува „терористи и криминални групи“.
Портпаролот на ЛНА Ахмед Месмари вчера изјави дека „подготовката е во завршна етапа … за прочистување на западот од терористи и платеници“.
Шефот на Владата на национално единство Фајез ал-Сараџ тој чекот го нарече „ескалација“ и ги повика силите на Хафтар да „запрат да употребуваат јазик на закани“.