ЕУ нема да биде заложник на Брегзит, предупредува Емануел Макрон

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска во Париз имаше средба со ирскиот премиер Лео Варадкар, не ја криеше вознемиреноста за Брегзит, јави дописникот на МИА.

– Нашиот приоритет мора да биде правилното функционирање на Европска Унија и единствениот пазар. ЕУ не може да биде трајно заложник на решавање на политичката криза во Обединетото Кралство, истакна Макрон.

Тој додаде дека неуспехот да се претстави „веродостоен алтернативен план до 10 април“, Лондон „де факто ќе одлучи да излезе без договор“.

Макрон истакна и дека Франција и Европа „никогаш нема да ги напуштат што и да се случи, Ирска и Ирците“.

Од своја страна, Варадкар потсети дека „сè уште има време за британската премиерка да поднесе предлози“.

– Мислам дека мора да останеме отворени за секој предлог што таа ќе го даде, посочи Варадкар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат