А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Алексис ја повика ЕУ да отпочне преговори со СРМ за влез во Унијата

by А1он02/04/2019 - 13:3402/04/2019 - 13:34312
Share0

Деновиве Алексис упати повик до ЕУ да отпочнат преговори за членство на Северна Република Македонија во Унијата. Ова Ципрас го направи со цел да се уназади национален национализмот и да се постигне напредок меѓу народите, рече премиерот на РСМ, Зоран Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Следете a1on на Instagram Instagram

Премиерот Заев истакна дека денеска за прв пат во историјата РСМ е домаќин на грчки премиер.

– Денешниот ден е историска одредница. До сега гледавме пропуштени прилики и залудно изгубено време. Пред нас има можности и заеднички интереси. Два народи кои покажаа дека со храбри одлуки она што до вчера беше невозможно сега е реалност, рече Заев.

Според премиерот Заев спроведувањето на Преспанскиот договор кој во целост продолжува да се имплементира овозможува двете земји максимално да ги искористат политичките и економските капацитети.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Јас и Ципрас во име на двете влади потпишавме акционен план што го договорија министрите на билатералните средби. До средина на мај ќе се формира експертска група за упототреба на договорот и името како и имплементација на договорите за соработка во одбраната и залагањето на Грција за наш влез во ЕУ
Со овие договори создаваме соработки кои го подобруваат животот на нашите сограѓани, рече Заев.

Со Советот за соработка помеѓу двете држави ќе претседаваат премиерите на државите.

По средбата со премиерот Зоран Заев, грчкиот премиер Ципрас ќе оствари средба со претседателот на Собранието на СРМ, Талат Џафери. Исто така двајцата премиери денеска заеднички ќе го отворат и бизнис форумот на кој ќе учествуваат повеќе од 400 стопанственици.

Премиерот Заев за крај упати порака до сите граѓани на Северна Република Македонија да создаваат пријателство со соседите од Грција исто како и тој што го создал своето пријателство со Ципрас изминатите неколку месеци.

Виктор Јованов

CipraseuZaev

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Горан Наумовски03/09/2026 - 06:53

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:06

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 22:35

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:08

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео