Мијалков: Да ме фатат со 100 илјади евра пред аудиториум и јас би се срамел

Од:

Ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, го испрашуваше затворскиот психијатар, што го прегледувал Љубе Бошкски по апсењето за случајот „Кампања“. Сведокот го предложи СЈО, а првично го испрашуваше обвинителот Љубомир Лапе.

Мијалков го праша психијатарот Мирко Треневски дали чувството на срам кај Бошкоски, кое сведокот го спомена во одговорите на прашањата, се јавило поради апсењето кај ресторанот „Воденица“.

„Јас би се срамел да ме фатат со 100 илјади евра пред аудиториумот“, рече Мијалков. Психијатарот рече дека кај Бошкоски доминантна била психотраумата, а потоа и чувството на срам.

Во предметот „Тортура” обвинети се шести полициски „алфи“ и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков за нехуманото и понижувачко апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски. За денеска предвидено е да сведочат тројца сведоци.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов