Ставен под контрола пожарот во Кина во кој загинаа 30 лица

Од:

Ставен е под контрола пожарот кој изби за време на викендот во кинеската југозападна провинција Сечуан, во кој животот го загубија 27 пожарникари и тројца доброволци.

Пожарот изби во саботата во регионот Мули во автономниот регион Тибет, од каде се вчера се прошири во соседната провинција Сечуан, јави ДПА. По промената на насоката на ветрот пожарникарите и волонтерите кои го гаснеа огнот во Мули останаа заробени од огнената стихија.

До вторник на полноќ големиот шумски пожар е ставен под контрола, јави Синхуа.

Повеќе од 600 лица беа испратени за да се борат со пожарот на надморска височина од 3.800 метри. До денеска сите жртви се идентификувани.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ