Режимот му ја зема победата на Пендаровски, имаме човек едуциран за претседатаел, човек кој созреваше за да биде идниот претседател на сите граѓани, порача премиерот Заев од Прилеп и ги повика прилепчани масовно да излезат и да гласаат на изборите на 21 април.
-Да излеземе и да гласаме, неносењето одлуки и одмага на државата, не може после да мрчиме, не ке излеземе и ќе гласаме, кажа Заев.
Тој го повтори ставот дека опозицијата тврди дека е за ЕУ и НАТО не кажува како без договорот со Грција, се пофали дека за првпат во земјава доаѓа грчки премиер кој носи 200 бизнисмени , и апелираше за солидарност и заедништво на изборите.
– Симболот на кампањата е заедно, не може повеќе поделени. Многу се важни овие избори едноставен е изборот,не треба да с е стремиме кон уназадување. Страв и е на кандидатката да ги спомне сите етнички заедници, лидерот ги завборави да ги спомне втората по големина етничка заедница… Конечно ќе имаме претседател еднаков на сите граѓани. Затоа преговаравме и за да нема калкулации после во втор круг, па да не знаат граѓаните кој и што тајно преговарал, затоа еве го човекот, сите партии стојат зад него. Нема да му должи ништо ни на Заев, ни на градоначалникот… Ќе не` мава кога треба и ке не` поддржува кога треба, ќе поставиме ред и поредок, затоа имаме независен кандидат. И конечно јас ќе имам претседател со кој ке можам да работам, рече Заев.