Репортерот на американската телевизија MSNBC не беше свесен дека преносот во живо веќе е започнат па реши набрзина да ја поправи својата фризура.
Мет Бредли ги згрози гледачите кои очекуваа да го слушнат неговиот извештај за поразот на Исламска држава во Сирија.
Од студиото кажаа дека најнова вест е дека територијата која ја контролира ИСИС е целосно ослободена по битката кај Багуз.
-Се зборува дека борби се уште се водат. Мет Бредли е во источна Сирија каде се наоѓаат последните остатоци на таканаречениот калифат. Мет, каква е ситуацијата-праша водителот.
MSNBC was ready to go live…their reporter however, was not pic.twitter.com/s7IKSZFN91
— Someone's An Idiot (@SomeonesAnIdiot) March 22, 2019
Меѓутоа, јавувањето на репортерот од Сирија почна така што два пати плукна во рацете, а потоа со плунката се обиде да ја „залиже“ косата.
Тоа не помина незабележано, па на социјалните мрежи однесувањето на репортерот стана хит.
За некои снимката беше грозна, а за други смешна.