„Репортери без граници“ објави сателитски пренос на независни ТВ вести во Русија

Од:

Меѓународната организација „Репортери без граници“ (РСФ) објави дека „во следните недели“ ќе започне сателитско емитување на независни ТВ вести во Русија во борбата против тамошната пропаганда.

Под името „Свобода“ (Слобода), тие ТВ информативни емисии на руски јазик ќе ги емитува операторот „Еутелсат“ со кој РСФ има потпишано договор, се вели во соопштението на таа невладина организација со седиште во Париз.

„Вестите ќе им овозможат на гледачите кои зборуваат руски пристап до широк опсег на информации од независните руски медиуми во егзил и меѓународните медиуми за да промовираат поразновидна медиумска содржина“, се вели во соопштението.

„Свобода“ е амбициозна иницијатива за „превртување на логиката на пропагандата“, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

На крајот на февруари 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, РСФ контактираше со француското регулаторно тело за медиуми (Arcom) и управните судови за да го прекинат емитувањето на три руски канали во Франција, кои организацијата ги обвини за „воена пропаганда“.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година