Поранешниот претседател на Интерпол исклучен од кинеската Комунистичка партија

Од:

Поранешниот претседател на Интерпол Менг Хонгвеј денеска е исклучен од Комунистичката партија и сите партиски функции, во момент кога чека судење по обвиненија за корупција.

Менг беше избран за претседател на Интерпол во 2016 година, но неговиот четиригодишен мандат беше прекинат, кога лани во октомври беше притворен во Кина без образложение на кинеските власти. Во тое време Менг беше и еден од највиските кинески функционери задолжени за јавна безбедност.

Дисциплинската комисија на КП Кина денеска соопшти дека Менг е прогласен за виновен за сериозни прекршувања поради тоа што не се придржувал на партиските принципи и не ги спроведувал одлуките на партијата.

Во соопштението се наведува дека Менг ги злоупотребил своите овластувања за на своето семејство да му овозможи „екстравагантен начин на живот“, препуштајќи и на сопругата да ја користи неговата положба заради лична корист.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ