Фадил Зендели од Беса информираше денеска дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие ќе стават свои барања на маса, доколку сакаат да добијат поддршка. Еден од предлозите на Беса е СЈО да остане да продолжи да работи како самостојна институција, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а „бомбите“ и натаму да бидат користени како докази во постапките.
„Разговараа со ДУИ, со ВМРО-ДПМНЕ и откако владата не најде компромисно решение за СЈО, не повика нас, кои претходно бевме исклучени од преговорите. Не само ние како Беса, туку и други политички чинители кои од Собранието. Сега сакаат да си обезбедат двотретинско мнозинство и не бараат за средба. Ние како партија стоиме на ставот дека СЈО не ги исполни очекувањата на јавноста, мислам на целта за која беше формирано. Даде минимални резултати, а требаше да биде главна алатка за борба со корупцијата. Знаеме дека СЈО немаше еднаков пристап кон сите предмети, за едни беше мајка за други маќеа. И сега се поставува прашањето ако ова институција, како независна институција не ги исполни очекувањата, како сега ќе даде резултати кога ќе биде дел од друго обвинителство“, рече Зендели.
Покрај Беса на следната работна средба биле повикани и од Алијанса на Албанците. Дополнително на преговори за законот за СЈО ќе бидат повикани и од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат собраниски извори за „А1он“
Габриела Димковиќ-Мишевска