Герила-акција: Споменици на некултурата

Од:

Во изминатите десет дена, во рамки на акцијата за прогласување на депониите и ѓубриштата за автентично културно наследство, Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје посети над 200 депонии низ цела Македонија. Според сознанијата до кои дојде Центарот, на територијата на државата има преку 300 диви депонии и речиси шест пати повеќе односно над 1500 диви селски буништа и ѓубришта.

Како најзагрозени и најбогати со депонии и ѓубришта од ЦСУ ги посочуваат Полошкиот регион, а зад него Скопскиот и Кумановскиот регион. Најубавите и најразвиените депонии што се истакнуваат со својата диверзитетност и богатство, а едновремено и најдобро го упропастуваа пејзажот ги обележаа со пригодни табли, односно ги прогласија за национално културно наследство.

– Интересен е факот дека најголемото ѓубриште е долго преку 30 км и се наоѓа по двата брега на течението на Вардар од Гостивар до Јегуновце каде практично куповите ѓубре, шут, стар мебел и отпад циклично се редат преку 30км а најголемата раздалечина без ѓубре на овој терен е неполн километар.

Во рамките на оваа акција наменета за поддршка на иницијативите кои се борат за справување со ѓубрето и ѓубриштата со пригодни табли беа маркирани 30-тина ѓубришта и депонии во Скопскиот, Полошкиот, Кичевско-Охридско-Струшкиот и други региони низ Македонија, велат од Центарот.

Акцијата е дел од проектот „Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори депонијата во Арачиново

Горан Наумовски