(ВИДЕО) Јакимовски: Ќе ги тепаме, не им се плашиме

Од:

Ексградоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата, покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“, но не одговори на кого точно мисли.

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судијката на претходна постапка Весна Димишкова и ја чека одлуката дали ќе му биде определен притвор.

Заедно со Јакимовски беше и неговиот сопартиец, Виктор Цветковски.

Јакимовски и уште неколку лица се осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомничено за кривично дело бесправно градење.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени. Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината.

Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице. Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува, Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција

А1он

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Карпош доби нова административна зграда