ВМРО-ДПМНЕ: Случајот за 27 април е инквизиција во 21 век

Од:

Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси, политички реваншизам и нарачани пресуди, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, 211 години затвор за обвинетите за настаните од 27 април се врв на политичкиот реваншизам.

„Професионалци и искрени патриоти се судат за дело што не го сториле. Се кршат нивните човекови права и се злоупотребува институцијата притвор, само да се понижат и заплашат. Власта дејствува надвор од правото. Ниту делото за кое ги обвини русковска-обвинителството, а ги осуди кацарска-судството го сториле, ниту, пак, притворите што им ги определија се правно издржани“, стои во партиското соопштение во кое се додава и дека случајот 27 април е инквизиција на 21 век, незабележан во модерна Европа.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат дека СДСМ и нивните пулени кои го имаат окупирано системот мора да си заминат, а како што велат, единствен начин за тоа е победа на претседателските избори на Гордана Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина