Јакимовски изведен пред судија

Од:

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите од ОЈО за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.

Би можело да ве интересира

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува, Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција

А1он

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Карпош доби нова административна зграда