Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го уапси лидерот на партијата ГРОМ и ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како дел од нова истрага, дознава „А1он“.
Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.
Поранешниот градоначалник и лани во август беше уапсен. Финансиската полиција, кај Јакимовски истражуваше во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.
Повеќе информации за истрагата се очекуваат во текот на денот.
Васко Маглешов