Акција на Град Скопје за чистење на дивите депонии во Визбегово

Од:

Екипи на скопските јавните претпријатија започнаа генерално чистење на Јадранската магистрала во населбата Визбегово.

Акцијата се одвива на потегот од булевар „Словенија“ кон Момин поток каде беа создадени нови диви депонии од несовесно фрлање на комунален и кабаст отпад.

Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската мастрала со автоцистерна, а од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – патарки, метларки и кипери.

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Би можело да ве интересира

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Предраг Петровиќ

Сабахудин Рустеми поднесе оставка од функцијата директор на „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС