(ВИДЕО) Трајчева за пресудата за 27 април: Правдата е задоволена

Од:

Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева по изрекување на пресудата за крвавиот четврток изјави дека правдата е задоволена со оглед на тоа дека од сите обвинети кои останаа по амнестијата само еден е ослободен.

– Правдата е задоволена со оглед на тоа дека само еден обвинет е ослободен. Обвинителството остана на обвинението што значи дека сметаме дека остануваме на ставот дека истиот го сторил делото. Оставам простор писмено да ја добиеме пресудата па ќе оцениме дали ќе поднесеме жалба на одлуката, рече Трајчева.

Во однос на висините на изречените затворски казни, обвинителката повтори дека ќе ја почекаат пресудата да им биде доставена по што ќе одлучат дали ќе има жалба.

– Некои од обвинетите добија казна затвор под минимумот, оставам простор да ја добиеме на писмено пресудата,да видиме кои околности се ценети потоа ќе видиме дали ќе има жалба, рече Трајчева.

Во однос на истрагата за организаторите, обвинителката не сакаше да даде повеќе информации со цел да не и наштети на истрагата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски