Ковач одговори на критиките на Левандовски

Од:

Тренерот на Баерн (Минхен), Нико Ковач зеде став во однос на изјавата на Роберт Левандовски по поразот со 1:3 од Ливерпул во Лигата на шампионите во средата. Тогаш напаѓачот објасни дека бил разочаран од дефанзивната тактика на менторот.

– Во овој натпревар пристапивме на ист начин на кој што го направивме тоа против Волфсбург (6:0) и Борусија (Менхенгладбах) (5:1). Само што овој пат се исправивме против посилен противник, кој заслужи да победи. Мечот беше отворен во текот на 60 минути. Но, ние едноставно се сретнавме со тимот со најсилна одбрана во Англија. Ја држевме топката, но не успеавме да направиме којзнае што, објасни Ковач.

Хрватот изјави дека го разбира разочарувањето на Левандовски.

– Тој не ме критикува мене. Противникот заврши одлична работа. Сакавме работите да се случат поинаку, но тоа беше тешко. Тактиката со поседот на топката секогаш ќе биде успешна. Погледнете ги другите шампионати – сите водечки клубови имаат одлични натпреварувачи, кои можат да ја држат топката. Но, различните шеми и тактики не се одлучувачки фактор. Главното е ставот. Погледнете што направи Јувентус во вторникот, додаде Ковач.

Баварците беа елиминирани по поразот, откако одиграа 0:0 во првиот натпревар на „Енфилд“.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска