Раководството на БИБЛ-лигата синоќа донесе решение завршницата на регионалното кошаркарско натпреваурвање да се одржи во Тирана, Албанија.
„Ф4“ турнирот е закажан за викендот 6-7 април и ќе се одржи во салата „Фети Борова“ во албанскиот главен град.
Дел од „Ф4“ турнир во Тирана ќе бидат македонскиот тим Блокотехна, претставникот на домаќините Теута, како и бугарските екипи Академик и Берое.