(ВИДЕО) Пендаровски: Да се помириме меѓу себе сите

Од:

„На сите оние кои за мене имаа лоши зборови изминативе години и мислам дека тоа треба да стане пракса не само на овој ден и не само од моја страна кон нив или евентуално од нив кон мене и кон другите.

Во Македонија за жал политичката поделба е огромна и јас мислам дека во наредниов период месец и половина во рамки на мојата кампања сакам да се фокусирам посебно на тој проблем, тоа што премиерот Заев го нарече национално помирување, мислам дека во особено во македонскиот етнички кампус поделбите се недозволено длабоки и широки“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски, при денешните средби со граѓани на Битола.

„Наша задача е да иницираме процес кои ќе доведе до заздравување на тие рани, знаеме дека поминавме низ сериозни турбуленции и процеси на промена на име на држава и долг процес на уставни промени во тој политички процес кои е уникатен за нас, па и за многу други држави во светот, излегоа многу лоши емоции многу лоши зборови паднаа, не само во Парламентот, туку и меѓу обичните луѓе и навистина мислам дека ова нека биде еден симбил, денешниот ден кога навистина ќе почнеме да се помируваме меѓусебе, неможеме да се помириме во се, но меѓутоа околку неколку точки сигурно можеме да најдеме заеднички јазик тоа е дека Македонија мора да остане во овие граници, Македонија мора да биде демократска, функционална демократија и мора да биде членка на Евроатланските интеграции“, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му