Кина лансираше нов комуникациски сателит во вселената

Од:

Кина во вселената го лансираше комуникацискиот сателит наречен „ChinaSat-6C“, пренесе агенцијата Анадолија повикувајќи се на Синхуа.

Комуникацискиот сателит „ChinaSat-6C“, развиен од страна на кинеската Академија за вселенска технологија, е лансиран од Центарот за лансирање на сателити во Шичанг со ракетата наречена „Long March-3B“.

Сателитот, кој ќе овозможи комуникациски услуги од висок квалитет за телевизиите и радиостаниците , ќе ги опфати Кина, Австралија, Нов Зеланд и островите во Јужен Пацифик.

Кина го привлекува вниманието со своите проекти за вселената, а беше првата земја која го спушти беспилотното извидничко возило на темната страна на Месечината, посетува Анадолија.

Кина има за цел наредната година да го испрати своето прво извидничко возило на Марс, додека во 2029 година планира да испрати извидничка мисија на Јупитер.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ