ПСЖ може да добие нов претседател

Од:

Пари Сен-Жермен можеби ќе има нов претседател следната сезона. Новиот неуспех на тимот во Лигата на шампиони и елиминацијата во осминафиналната фаза од Манчестер Јунајтед среде „Парк де Пренс“ може да доведе до смена на претседателот Насер Ал-Хелаифи, пишува „Паризиен“.

Со години, приоритет на клубот е да го освои најпрестижниот фудбалски турнир. ПСЖ не само што не се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите, но парижаните дури и не играле во полуфиналната фаза на турнирот.

Според информациите, Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани се очекува во наредните денови да одржи лична средба со Ал-Хелаифи, на која ќе биде проценета работата на претседателот на клубот и ќе биде донесена одлука дали да биде отпуштен.

Без сомневање, како успех во работата на Ал-Келаифи се забележува привлекувањето на Карло Анчелоти и Нејмар. Вистината е дека постојат неколку работи во текот на годините, за кои тој може да биде прекорен.

Ангажирањето на Патрик Клајверт како спортски директор, а потоа Антеро Енрике, се смета за неуспех. Единствениот сериозен играч кој Холанѓанецот го доведе на „Парк де Пренс“ е Јулијан Дракслер, а Португалецот не успеа да најде квалитетен играч во рок од два последователни трансфер периоди.

Би можело да ве интересира

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ