Луѓе што успеале да пребегнат од Северна во Јужна Кореја денеска пуштија 200.000 антивладини летоци преку границата на територијата на Северна Кореја, на денот на раѓањето на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил.
Летоците врзани со банкноти од еден долар за балони со гас треба да стигнат до жителите во западниот дел на Северна Кореја во близина на јужнокорејската граница.
Балоните се испишани со слогани како „стоп на провокациите во форма на ракетни и нуклеарни проби“, „Севернокорејци станете“ и „Династијата Ким наскоро ќе падне“.
Северна Кореја денеска го одбележува денот на раѓањето на поранешниот лидер Ким Џонг-ил. Тој почина од мозочен удар во декември 2011 година.
Северна Кореја во вторникот изврши трета нуклеарна проба, чија сила беше значително поголема од претходните две во 2006 и 2009 година.
Пјонгјанг објави дека пробата е одговор на санкциите на ОН, откако Северна Кореја во декември лансираше ракета со голем дострел, тврдејќи дека тоа е дел од вселенската програма на земјата.