Училиште во Брвеница изградено преку проектот МСИП

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар денеска ќе го посетат новото училиште во село Гургурница во општина Брвеница изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП.

Проектот го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија. Вкупната инвестиција за изградба на новото училиште во Гургурница е 46 милиони денари и ќе го посетуваат околу 200 ученици.

Преку Проектот за подобрување на општински услуги се инвестира во капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините. Покрај училишта, се финансира и изградба на градинки, водоводна мрежа, локални улици, канализации, општински згради и други капитални проекти.

На денешниот настан е најавено присуство и на министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за финансии Ширет Елези, Беким Имери од Канцеларијата на Светска банка и градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска