Силјановска-Давкова: Нема правен основ за Заев да раководи со финансиите, но каде се финансиите таму е моќта

Од:

Нема правен основ на кој Заев може да се потпре, за да на неодредено време раководи со Министерството за финансии, вели професорката Гордана Силјановска-Давкова за „А1он“. Според неа, импровизации не смее да има, а дури и во случај на оставка или разрешување на министерот за финансии, до избор на нов кадар, заменик-министерот ја врши функцијата.

„Нема правен основ за тој да раководи со Министерството за финансии. Имаме Устав. Не постои времено вршење на функција, и токму затоа се замениците-министри. Тие до избор на нов министер, ја извршуваат неговата функција. Тука важи тоа што го кажа Антикорупциска, неспоилоста важи за сите. Тој мора да апстинира. Тој во сверата на финансиите не смее да се меша“, вели професорката Силјановска-Давкова за „А1он“.

Желбата на Заев да биде премиер и да раководи со финансиите, за Силјановска-Давкова е елемент на тоталитаризам, објаснуваќи дека „Само апсолутните монарси можеле да ги носат сите функции“. Таа потенцира дека во сверата на финансиите треба најголема контрола и знаење.

„Крајно невообичаено во една Влада во која премиерот треба да биде „примус интер парес“, односно, прв меѓу еднаквите, вие туку така да смените министер. Тоа е разбирливо ако Тевдовски на пример поднесе оставка. Замислете каков е тој однос. Крајно неетички. Ова е непознат феномен, да ги разрешите луѓето кои се синоним за знаење“, смета Силјановска-Давкова.

Професорката вели „каде се финансиите, таму е моќта“, а пак Заев го спореди со Амон Ра кој првобитно бил локален бог во Теба, за потоа да стане врховн бог на Египет.

„Јас очекував, ако е време на криза, министерот за финансии да биде профил на човек кај што знаењето ќе доминитра над политичката припадност. Кој профил е тоа? Професорскиот на Тевдовски. Наместо да земе таков профил, тој го отстранува“, заклучува професорката Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски