Кавадарци ќе добие споменик на жртвите од Тиквешкото востание

Од:

Општина Кавадарци започна постапка за поставување споменик на жртвите од Тиквешкото востание од 1913 година против тогашната српска окупаторска власт.

– Целата постапка треба да заврши и споменикот да биде свечено откриен на 19 јуни, по повод 100-годишнината од овој голем историски настан во тиквешкиот крај, вели директорот на кавадаречкиот музеј, Петре Камчевски.

Тој најави дека следува конкурс на кој ќе се избере изведувач на проектот. Еден милион денари изнесува вкупниот фонд предвиден за негова реализација. Во Тиквешкото востание загинаа 545 жители на Тиквешијата.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење