[staff name=”Катерина Цаневска Арсовска” position=”Автор”][/staff]Тргнаа трите колони на Февруарскиот марш 2013-та. Борците се револтирани зошто оваа власт нема слух и нема чувство и оние кои што се бореа за Македонија ги исфрлија безмилосно на улица.
Со транспаренти „Борци 1941-1945 во планините, Борците 2013 на улица“, „Борците избркани на улица“, „Почит кон НОБ и борците“, „Слобода и еднаквост“, тоа се дел од паролите кои што луѓе на 80-тина година ги носат во раце и извикуваат „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.
Дел од нив ги носат и одликувањата кои ги добија за храброста и беспоштедната борба против окупаторот. Велат и овој Февруарски марш е всушност Марш за слобода.
По улиците на Скопје се пее „Во борба, во борба македонски народе.
Централното собирање е на плоштадот „Македонија“, за каде, од градот, иако имаа уредно барање, не им беше дозволено да се собираат. Сепак борците одлучни дека тука ќе се соберат и ќе го искажат својот протест.
Приближувајќи се кон плоштадот извикуваат „Уа Фашисти“.