Во првот натпревар од 24.коло на Примера Дивизија, синоќа на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља, истоимената домашна екипа го совлада Депортиво Ла Коруња со 3:1.
Со оваа победа и освоените три бодови Севиља се зацврсти во средината на табелата, а Ла Коруња остана на последното место.
Викендов ќе се играат другите натпревари од ова коло, а двојките се: Хетафе – Селта, Малага – Атлетик Билбао, Гранада – Барселона, Осасуна – Сарагоса (денес), Реал Сосиедад – Леванте, Валенсија – Мајорка, Ваљадоид – Атлетико Мадрид, Еспањол – Бетис и Реал Мадрид – Рајо Ваљекано (утре).
Табела: Барселона 62 бода, Атлетико Мадрид 50, Реал Мадрид 46, Малага 39, Валенсија 37, Рајо Ваљекано 37, Реал Сосиедад 36, Бетис 36,…