Северна Кореја денеска го одбележува еден од најголемите празници, роденденот на покојниот лидер Ким Џонг-ил.
По тој повод низ целата земја се организираат прослави, концерти и масовни спортски настани, во кои учествуваат спортисти од странски земји како Русија, Украина, Естонија и Канада.
Севернокорејците од рано изутрина поставуваат цвеќиња пред спомениците на покојниот лидер низ целата земјата. Ким Џонг-ил во Северна Кореја се смета за гениј на мислата, на творештвото, на изградбата и голем лидер и војсководец.
Ким Џонг-ил е роден 1942 година. Тој управуваше со земјата 17 години и почина во 2011 година.