(ВИДЕО) Арсовски: Очекуваме разврска на најголемиот случај на непотизам во историјата на  Македонија 

Од:

Епидемијата на непотизам во државава се рашири во толкави размери да ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ, изјави на денешната прес-конференција, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Упориштата на зараза се државните институции каде што има огромни плати над просекот на платата во државата. Вчера ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182. роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.

Очекуваме, разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија во најбрз можен рок и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ.

Дополнително, повикуваме уште еднаш, СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки, бидејќи тоа е чин на морал. Не е чин на морал еден член на семејството да си даде отказ на работа, а друг да не си даде. На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4  или 5. Замислете само 4 или 5 луѓе од список со 182ца си дале откази од работа од морални причини и само толку се одзвале на повикот на Заев да си дадат откази како што тие викаат морални причини.

Отказите на овие 4, 5 луѓе докажуваат дека навистина имало влијание врз вработувањата и со нив си ја признаа вината. Штом има признание на вината за влијание врз вработување на роднините, функционерите на СДСМ треба уште веднаш да си дадат оставки и да сносат одговорност согласно законите“, изјави Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

СДСМ: Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив