ВИДЕО: Дивоградбата на Матка во пракса потврдува – функционерите на ДУИ не го штитат интересот на државата

Од:

Институционалниот молк за дивоградбите во заштитеното подрачје на Матка во пракса ги потврдува сомневањата дека функционерите на ДУИ не работат за интересите на државата, туку ги штитат интересите на локални моќници. Директорот на Државниот градежен инспекторат, Локман Љимани, цела недела не одговара на официјалните дописи за увид на дивопоставената платформа на Матка од Министерството за транспорт и врски. Исто толку време директорот не одговара ниту на прашањата од медиумите.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, поранешен министер за правда, исто како и директорот на Државниот градежен инспекторат, иако е најповикан да објасни за состојбата со дивоградбите на Матка, воопшто не даде објаснување зошто не постапил по Законот за градбата кога се во прашање новите платформи поставени во заштитеното подрачје на кањонот Матка. Неговите служби и денес не одговорија на прашањата од „А1он“ за новата платформа поставена во првиот залив по браната на Матка.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, неколкупати јавно ја повика градежната инспекција на Општина Сарај да почне да ја врши работата за која е платена, а извести и дека испратиле известување за случајот со дивоградбата и непостапувањето на општинската градежна инспекција во Инспекцискиот совет.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, за „А1он“ изјави дека Инспекцискиот совет нема ингеренции за локалната градежна инспекција во Сарај, која одговара исклучиво пред локалната власт, но по информацијата од Град Скопје, го разгледале случајот.

„Инспекцискиот совет во целост го следи случајот со платформата на езерото Матка. Веднаш по добивањето на известувањето од Град Скопје, организиравме координативен состанок на 22.2.2019 година, на кој присуствуваа претставници од Град Скопје, Општина Сарај, Управата за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Управата за заштита на културното наследство. На состанокот беше разгледана реалната состојба и беше заклучено Општина Сарај да ги запре градежните активности на терен до добивање на целата потребна документација и произнесување на сите релевантни институции во согласност со Законот за заштита на природата и Законот за заштита на културното наследство“, изјави претседателката Филиповска-Грашкоска за „А1он“.

Директорот на Дражвниот градежен инспекторат, Локман Љимани не е достапен за медиумите. Од неговиот кабинет попладнево за „А1он“ испратија кус одвогор на прашањата за дивоградбата во кој објаснуваат дека не се надлежни бидејќи не е градба од прва категорија.

„Инспекторатот, согласно одредбите од Законот за градење се изјасни како ненадлежен за постапување, бидејќи урбаната опрема и монтажно-демонтажните објекти не претставуваат градба од прва категорија согласно законот за градење. Инспекторатот нема право да излегува и да врши инспекциски надзор за објекти кои се од локално значење. Во однос на барањето кое Министерството за транспорт и врски го има доставено до инспекторатот, известено е Министерството за постапката која е предвидена со одредбите од Законот за градење, а се однесуваат на објекти од локално значење“, велат од Државниот инспекторат за градежнисштво и урбанизам.

Од Министерството за транспорт и врски, кое побара од Инспекторатот да направи увид на дивоградбите и да подготви извештај врз основа на кој ќе се одлучува дали да се одземат ингеренциите од областа на урбанизмот од Општина Сарај, велат дека добиле никакво известување од директорот Љимани.

„Сè уште немаме никаков одговор на барањето што го испративме во понеделникот. Инспекторатот не е обврзан со рок во кој треба да го подготви извештајот, но во моментот немаме никаква повратна информација по барањето“, велат од Министерството за транспорт и врски за „А1он“.

Додека трае административната преписка меѓу институциите, на Матка не запира градењето на платформата. Вчера, сопственикот ги излакира штиците на платформата, па целиот залив и денес мириса на лак. Остатоци од штиците и алати сè уште стојат околу платформата.

Маја Илиевска-Пачемска

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски