Сосиете женерал ја продава „Охридска банка“ на „Штаермаркише“ и „Шпаркасе банка“

Од:

„Соситете женерал Франција“ постигна договор со „Штаермаркише Банка“ и „Шпаркасе“ за преземање на акциите што „Сосиете женерал“ ги има во „Охридска банка“. „Сосиете женерал Франција“ поседува 384.844 обични акции со право на глас, кои согласно договореното ќе ги продаде на Штаер.

Намерата за преземање на сите акции издадени од страна на „Охридска банка“, како што соопштуваат од банката, ја прими денеска Управниот одбор на „Охридска банка“.

-Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања, информираат од банката.

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на „Охридска Банка“ ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва.

„Охридска Банка„ АД Скопје, „Сосиете Женерал Груп“, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Во наредните неколку месеци, „Сосиете Женерал Груп“ и „Штаер“ заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи.

„Охридска Банка“ АД Скопје, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката.

Би можело да ве интересира

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он