Царовска: Со социјалната реформа ги извлекуваме семејствата од долготрајна сиромаштија

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на Регионална конференција во Љубљана, на која говореше на панел дискусија посветена на „Структурните реформи за конкурентни пазарни економии“.

Царовска ја истакна важноста на социјалната реформа која што е во собраниска процедура, а со која се извлекуваат семејствата од долгорочна сиромаштија. Со оваа реформа се предвидени инвестиции во предучишното образование, во капитална инфраструктура и во подобрување на квалитетот на услугата. Се подобруваат и мерките на пазарот на труд преку проактивен концепт за вработливост, посебно на младите лица.

-Во последните година и пол работевме напорно да ја направиме социјалната реформа. Од една страна, оваа реформа целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемува финансиската помош што ја добиваат. Од друга страна, новиот систем овозможува поддршка, обуки и советување, за да може секој човек да почне да работи. Овој пристап ќе им помогне на луѓето трајно да излезат од сиромаштија, но, истовремено ќе ја зголеми работната сила во земјата“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека на овој начин, реформата не само што ќе има позитивен ефект врз ранливите групи граѓани, туку и врз економијата и пазарот на трудот.

Заедно со останатите мерки, како што се програмите за младинско вработување, зголемувањето на минималната плата и бројните позитивни реформи наменети за маргинализираните групи граѓани се создава праведно општество, кое вистински се грижи за сите.

-Ова е многу важно за мене како министерка и за нас како Влада. Цврсто сме решени да помогнеме за секое дете да има еднаква шанса да успее во животот и секој човек да излезе од сиромаштија. Ова е моја цел и мотивација во работата, рече Царовска.

Настанот „Кон подобрување на структурните реформи и фискалните рамки“ е во орагнизација на ЦЕФ, Љубљана, и е дел од промоцијата на претстојниот регионален проект „Зајакнување на капацитетите на министерствата за проценка на фискалните импликации на структурните реформи“.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование

А1он

Дводневен Дигитален саем за средно стручно образование наменет за полуматурантите

А1он

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

А1он