А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Затуровска до Спасовски: Криминалот цвета, делите ли фифти-фифти со криминалците

by А1он27/02/2019 - 13:5427/02/2019 - 15:59612
Share0

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска од собраниската говорница побара оставка од министерот Оливер Спасовски, поради, како што рече, тоа што, откако дошол тој на позиција криминалот цветал, а граѓаните воопшто не се чувствувале безбедни.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Само во јануари има 520 кражби и тоа не во државата, само во Скопје, по 20 кражби на ден. Учинокот на полицијата е 2%. Граѓаните се сомневаат на поврзаноста на криминалците за делење на ќарот, финти фифти. Сомнително е што таргет на пљачките се пумпи, обложувалници, маркети, банки, по имотни граѓани… Немате контрола над состојбите, не расветливте до крај ништо, се занимавате единствено со политички мотивирани истраги. Сметам дека треба да си дадете оставка, доклку во себе имате минимум човечка одговорност. Врв на сето ова ви е случајот во Шутка, кој го премолчавте. Дали ќе имате доблест да го направите тоа, особено кога сте во игра за претседателски кандидат?“, рече Затуровска.

Спасовски во одбрана на обвинувањата на Затуровска, рече дека тоа што го кажала биле непроверени информации, односно лажни вести. Според него, откако тој седнал на министерската позиција, довербата во полицијата три пати повеќе се зголемила.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Безбедноста се зголеми кога си замина криминалната банда во 2017. Кога дојдов на позиција, довербата во полицијата беше 23%, сега е 75%, ова се анализи на ОБСЕ. Вие бевте поддржувачи на една општо народна пљачка, а сега сакате да спречите да им се суди на тие што крадеа. Вие бевте стручњаци за делење фифти фифти, од тендери од автопати. Прашувам колку тие пари завршија во вашиот џеб? Згора на тоа креирате лажни вести.Ја злоупотребувате ситуацијата со исчезнатите и ширите паника меѓу граѓаните. Колку за информација во 2014 беа пријавени 554 исчезнати, а сега има 370″, рече Спасовски.

Затуровска не беше задоволна од одговорот, бидејќи Спасовски избегна да одговори дали ќе даде оставка од функцијата.

liljana zaturovskaoliver spasovskipratenicki prasanjasobranievmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:14

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:1028/07/2026 - 10:18

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео