Спасовски: Возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци добива закани, се преземаат мерки за заштита

Од:

Возачот на автобусот кој пред две недели се преврте на патот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко време да каже конкретна причина за несреќата за што се прибрани многу материјали, а се при крај вештачењата.

– Уште работиме во однос на случајот по наредбите што ги добиваме од Јавното обвинителство. Многу материјали се прибрани, вештачењата се при крај и очекувам дека ЈО за многу кратко време ќе излезе со конкретна причина во однос на случувања. Точно е дека возачот има закани по неговиот живот. Има закани и заради тоа преземаме мерки за негова заштита бидејќи и тоа е дел од таа постапка. Важно е да ги заштитиме сите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектгот „Безбедни семејни паркинг зони“.

За несреќата што се случи на 13. месецов Обвинителството најави одлука по обезбедување на сите докази, целокупната релевантна документација, обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, испитувањето на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот.

По наредба на обвинителството детално техничко вештачење на автобусот врши Машинскиот факултет во Скопје, а вешт наод и мислење треба да обезеди и Бирото за судски вештачења. Од компанијата „Дурмо турс“ сопственик на автобусот е побарана целосна документација за дозволите кои ги поседува за јавен превоз, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот, како и податоци за работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина момче откако со мотоцикл удри во бетонски столб

Трагедија на островот Кос: Загина жена, албански државјанин, нејзиниот сопруг е во критична состојба

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

Три лица загинаа, а три се повредени во тешка сообраќајка во БиХ

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во сообраќајка на магистрален пат Гостивар-Тетово

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?