Димитров – Лоазо: Реафирмирана француската поддршка за клучните реформки приоритети

Од:

Иако ни претстои уште многу работа, знаеме точно каде се движиме и цврсто сме решени да направиме се’ што е во наши раце нашата татковина да стане вистинска и просперитетна европска демократија.

Како што соопшти МНР, ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со Натали Лoазо, министерка за европски прашања на Француската Република, која престојува во прва работна посета на Република Северна Македонија давајќи и пресек за направеното во клучните реформски области.

-Силна Франција значи уште посилна Европа. Ние се стремиме да станеме дел токму од една таква Европа и, во рамки на нашите можности, ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес на овие процеси во регионот и пошироко, рече Димитров.

Министерката Лоазо, се наведува, го нагласила значењето на Преспанскиот договор како клучно регионално и европско постигнување и позитивен сигнал за европската иднина на регионот. Притоа, министерката Лоазо подвлекла дека Франција со голем интерес го следи напредокот на Северна Македонија и уверила дека поддршката за домашните реформски процеси, посебно во клучните области, ќе продолжи и понатаму, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети