Денешниот тренинг на шпанскиот фудбалски клуб Барселона беше прекинат од членовите на Анти-допинг агенцијата кои одбрале 10 играчи за допинг тест.
Ваквата постапка довела до голема збунетост во редовите на каталонскиот клуб кој во моментов убедливо води во Примера Дивизија.
На допинг тест испратени биле: Виктор Валдес, Сеск Фабрегас, Алексис Санчез, Тијаго Алкантара, Хавиер Маскерано, Серхио Бускетс, Педро Родригез, Жорди Алба, Марк Барта и Алекс Сонг.
Следниот дуел Барса во Шпанското фудбалско првенство ќе го има утре на гости против Гранада, а в среда ги очекува натпревар против Милан во Лигата на шампионите.