(ВИДЕО) Арсовски: Во Македонски Брод се вработуваат само блиските на функционерите од СДСМ

Од:

„Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод.

Да потсетиме дека братот пратеничката на СДСМ Анета Димовска Симеска од позиција стоматолог во приватна здравствена ординација е именуван за директор на здравствениот дом. Но тоа не е се’.

Имено братот на Анета Димовска Симеска кој е и директор на здравствениот дом во Македонски Брод Жарко Симевски распишал оглас за вработување. Дали е точно дека на тој оглас сам себе се пријавил и се вработил, па за да биде иронијата уште поголема добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станува концесионер на просториите на истиот здравствен дом кај што тој самиот е директор“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е истовремено и непотизам но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на еден директор во случајов Жарко Симевски.

Во Брод ова не е единствен случај. Непотизам има во случаите и со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјановски кои се вработиле во Македонски шуми каде што директор е Слободан Вељановски од редовите на СДСМ. Во истото претпријатие се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат за ваквите вработувања едека се незаконски, сепак тие повторно се на работа.

Зарем во општина како Македонски Брод кај што има огромен број на млади луѓе кои немаат работа и си заминуваат од градот, токму децата и блиските на функционерите од СДСМ да бидат вработени на огласи. Животот очигледно дојде само за нив.

Епидемијата од непотизам не престанува и покрај лажното морализирање на власта. Лекот е изборен пораз на власта кој ќе го демонтира деспотот Заев од оваа власт“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти