Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од генералниот секретар Скендер Рецепи- Зејд, оствари средба со заменик амбасадорот на Велика Британија, Доминик Отвеј.
Во овој пријателски состанок помеѓу претседателот на Гаши и Отвеј се разговараше за последните случувања во земјата и претседателските избори што се очекува да се одржат на 21-ви април.
Гаши исто така го информираше заменик-амбасадорот Oтвеј за придонесот и конструктивната улога на партијата „Алтернатива“ во интегративните процеси на земјата.