А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

by А1он21/02/2019 - 15:5521/02/2019 - 17:28269
Share0

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со неговиот адвокатски тим дали да покрене тужба против Мицкоски во однос на вчерашната изјава по приведувањето на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Јас сум од крв и месо, трнспарентен човек и нормален. Само ќе кажам забегана работа, затоа што се претера. Јас сум бил пред притвор, со одземен пасош, сум објавувал политички бомби, па сепак сум внимавал што зборувам. Тој иницира обиди за убиство и зборува за некоја жестокост, не знам каква. Тоа зборува за него, но во најмала рака е забегано“, истакна премиерот во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на средбата со Касами потврди дека се уште нема конкретен договор, но се надева дека голем дел партии ќе застанат зад предлогот за заеднички кандидат. Тој рече дека кандидатот ќе биде претставен идната недела на конгресот, по што ќе се знае кои политички партии ќе дадат поддршка.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Имињата, анализите, односно рејтинзите се важен елемент за оваа одлука, јас се надевам дека ќе изнаједеме заеднички прифатливо решение, но сепак останува партиите внатре да си одлучат и да си го кажат своето, односно дали ќе застанат зад предлогот“, рече Заев.

Тој не сакаше да коментира дали Стево Пендаровски е најприфатливото име за албанскиот електорат и повика за трпение до наредната недела.

Додаде дека уште еднаш ќе направи обид да стапи во контакт со Зијадин Села и да најде начин да се надминат недоразбирањата со Тараври. Најавеното замрзнување на опозицијата за сите активноти во Собранието, го искоментира како чекор кој не е добар за државата и ги повика да се вклучат во процесите кои што ќе следат.

Во однос на судските одлуки и работата на обвинителството уште еднаш повтори дека нема намера да се меша во работата на судската власт.

„Нема да си дозволам да коментирам за работи кои што не се од моја надлежност. Исто така упатувам апел до сите од извршната власт да се воздржат од било каква изјава за судски одлуки. Мораме да ја промениме перцепцијата. Заев е премиер, тој не суди и не обвуинува“, посочи тој.

Во однос на прашањето за непотизам при вработувањата, особено за роднините на Кирацовски, Заев рече: „Кирацовски е одговорен и транспарентен и нема што да крие, јас повикав и одредени роднини на функционери се повлекоа, тоа е за поздравување. Ќе додадам дека не е прекршен ниту еден закон, но сепак во прашање беше етички однос“, кажа премиерот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

izboripretsedatelZaev

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто