ВИДЕО: Апелација одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Од:

Стартуваше јавната седница на Апелација на која се одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата „Силекс неметали“ Василие Авировиќ по предметот „Труст“ на СЈО. Судијата известител за предметот, Лирие Елези Арулау речиси два часа ја чека пресудата од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

По читање на пресудата бранителите и осудените пред Судскиот совет, предводен од Цветанка Периќ ќе дадат објаснување за жалбата за затворската казна.

Сопственикот на „Трансмет“ Сеад Кочан беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола на АД ЕЛЕМ со што добил имотна корист од 17 милиони евра. За истото кривично дело три години затвор и забрана за вршење дејност во траење од 3 години доби и Василие Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.

Судот одлучи да го конфискува имотот на компаниите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ со вредност од 17 милиони евра кои треба да бидат вратени во државниот буџет.

На крајот од минатата година Собранието изгласа измени во кривичниот законик со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело за кое се осудени Кочан и Авировиќ со што се отвори и можноста тие да добијат условна казна.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов