ВИДЕО: Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски бара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери не само од власта, туку и од опозицијата.

Тој на денешната прес-конференција изјави дека со години алармирале за непотизам додека СДСМ биле во опозиција, но тогаш јавноста не била информирана како сега.

На прашање зошто сега се бара оставка кога скандалот со вработувањата избувна на виделина, а веќе две години СДСМ е на власт, тој повтори дека овие теми ги отвориле и кога биле опозиција. Во однос на анализата која се прави за начинот на вработувањата и дали имало непотизам и судир на интереси, извешатите, посочи Манчевски  ќе ги достават до антикорупциската комисија.

Во иднина, како што изјави Манчевски ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба. Проблемот според него е во раководната служба, и со новите законски решенија кои се во подготовка се консултираат експерти, невладини организации.

Галена Николовска-Ризвановиќ 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Минчен: Усвоените реформски закони ќе значат крај за партиските вработувања

Tаравари: Ветените над 1.000 вработувања готови до крајот на јануари

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело