Доцна попладнево за случувањата во Собранието на 27 април уапсени се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министерот за образование Спиро Ристовски.
Тие двајца исто така се осомничени за настаните за 27 април. Покрај Јанакиески и Ристовски уапсен е и актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
Според досегашните информации во судот веќе се донесени сите тројца, а покрај нив осомничени се и Никола Бошкоски и Никола Груевски кои се во бегство и се наоѓаат во Грција.
За настаните од 27 април во притвор веќе се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тој беше притворен по сведоштвата кој во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.