А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз

by А1он20/02/2019 - 16:52266
Share0

Антизападниот Христијан Мицкоскки нема капацитет да разбере што значи демоктатска процедура за избор на кандидат, исто како што нема претства што значи вистински претседателски кандидат зад кого ќе застанат граѓаните, реагираа преку соопштение од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Затоа не му јасна демократската процедура во СДСМ, затоа не му е јасно зошто се прават широки консултации за избор на најсоодветен кандидат, кој ќе работи во интерес на граѓаните.

СДСМ, како одговорна и државотворан партија, во демократска, отворена постапка бира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крај Мицкоски сам да си го избере својот послушник.

Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго.

На Република Северна Македонија и нејзините граѓани не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.

Потребен е вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“, се вели во реакцијата на СДСМ.

naum stolkovskipretsedatelski izbori 2019sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 20:57

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он14/02/2026 - 14:0814/02/2026 - 14:09

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он14/02/2026 - 10:2214/02/2026 - 10:56

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он14/02/2026 - 09:45

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен