А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Се корегираат слабостите, ќе се постави систем за вредности при вработувањата

by А1он20/02/2019 - 15:1720/02/2019 - 15:34331
Share0

Сите граѓани се еднакви, а при вработувањата мора да се постави јасно не само законскиот, туку и етичкиот основ. Се корегираат слабостите по укажувањата од јавноста, а веќе е побарана помош од граѓански организации за поставување систем на вредности, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за постапувањето на функционерите по неговиот повик за повлекување од работните позиции по реакците за јавноста за непотизам.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Заев, неговиот повик се однесува за сите функционери, а секој има и политичка и етичка одговорност за постапките.

– Повикот не го дадов како претседател на СДСМ, туку како премиер. Секој ќе си ја сноси својата одговорност на постапките, има и политичка и етичка одговорност, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на сала за јавни услуги од повеќе институции.

Ги поздравувам, потенцираше премиерот, позитивните примери на повлекување на одредени членови на семејството, но треба да направиме јасна граница.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Да гледаме на граѓаните како на еднакви и рамноправни во нивното конкурирање. Се случуваат вакви работи, не можеме да ги ограничиме младите луѓе коишто членуваат во партии или не се членови. Еднакви се граѓаните. Но јавноста го доловува етичкиот основ. Мораме не само законот, туку и етичкиот дел јасно да го поставиме. Секако правиме и разлика, ги охрабрувам ваквите чекори и ќе креираме политики, рече Заев.

Веќе побаравме, дополни подддршка од граѓанските организации кои се стручни за оваа работа за да ни помогнат да изградиме систем на вредности.

– Верувам дека секое дете, секој млад човек, секој граѓанин мора да има еднакви права. Болно е прашањето кога гледаме дека двајца, тројца, четири луѓе членови на семејството, а некој чека, тоа не е фер, не е правично. Апелирам и работам, разговарам со луѓето одредени чекори сигурно ќе се преземат, веќе се преземаат со одредени фрункционери, од парламентарната и од извршната и од локалната власт за да можеме да се корегираме. Јас не сакам да бидеме исти како претходните, наведе Заев.

Точно е дека има одредени и партиски припадности во вработувањата, посочува, но поголемиот дел се избираат на конкурс.

– Покрај тоа што сум премиер јас сум претседател на политичка партија која што е на власт. За жал, поради огромната миграција и напуштање работни места имаме дефицитарни кадри за многу струки. Овде бараме да најдеме вработен човек. Не можеме да најдеме луѓе. Ако зборуваме за член на семејство, лекар кој што го бараме специјалист дали треба да го повлече своето дете, или ако е архитект. Тоа го кажувам не за да избегнеме етичка одговорност, туку да направиме јасна дистинкција. За тоа што е претерно будното око и на медиумитеи и на јавнсота веднаш реагира и верувам дека ќе се корегираме сите почнувајќи од мене. Да гледаме на работите како на еднакви права на граѓаните, а притоа веднаш да стигне реакцијата за секоја забеганост и да се искорегираме. Граѓаните очекуваат државата да им обезбеди еднакви права на сите, изјави Заев.

Ако има образложенение за одредени работи, а народот тоа го сфаќа, како што вели, и тој не гледа проблем, но не и ако нема образложение, критериум, нормативи, транспарентност и конкурентност.

– Знам луѓе кои се членови на семејства на одредени функционери кои добиле петта шанса, првите четири им биле испуштени. Некои чекале и по 20 години. И чекаат денес. Без оглед на тоа од кој профил се треба да добијат шанса да работат еднакво, потенцираше премиерот.

sdsmvrabotuvanjaZoran Zaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 11:3017/08/2026 - 11:30

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 10:53

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски17/08/2026 - 08:5117/08/2026 - 10:13

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео