Скулптурите од мраз и снег направени од речиси 10 000 уметници во североисточниот кинески град Харбин, се стопија поради изненадувачкиот топол бран, поради што организаторите беа принудени предвреме да го затворат најголемиот зимски фестивал во Кина.
Поради најтоплата недела во тоа подрачје оваа зима, организаторите беа принудени 10 дена пред рокот да го затворат фестивалот, пренесе „Ројтерс“.
Зимскиот парк во Харбин, град на североистокот во земјата кој е познат по исклучително студеното време, привлекува повеќе од милион посетители.