(ВИДЕО) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Од:

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната прва консултативна средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за претседател коишто се прифатливи за партијата и кои би можеле да ги поддржат на претстојните прeтседателски избори во април. Тој рече дека по размената на мислењата со Заев, сега дебатата се сели во партиските органи кои во наредниот период ќе го донесат конечниот избор. Ахмети не открива дали министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја има поддршката на ДУИ, а не смета ниту дека е добро решение премиерот Заев да се кандидира за претседател на државата.

Ахмети повтори дека тој лично нема намера да се кандидира за претседател.

„Одлучивме за прашањата за кои денеска разговаравме да ги ставиме на дебата во органите на партијата. Партиите ќе бидат тие коишто ќе ја преземат конечната одлука, и остана за во иднина за дополнителни консултации и информации меѓусебно да разговараат организациските секретари на двете партии. Значајно е да се почитува волјата на мнозинството на граѓаните на оваа држава. Сепак, одлуката што ќе се донесе треба да биде правилна и од полза”, рече Ахмети.

Прашан дали ќе инсистира кандидатот за претседател да биде од ДУИ, Ахмети вели дека консултациите ќе продолжат и за доброто на земјата е тој кандидат којшто ќе ја има поддршката од страните, да ја има и поддршката на граѓаните.

Ахмети вели дека на денешната средба не разговарале за имиња и останува во иднина за деталите да се разговараме. „Не мислам дека треба да дадам мислење како претседател на партија, без да имам детална анализа за процесот да биде успешен”, рече Ахмети прашан дали Никола Димитров е прифатлив како консензуален кандидат.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски